Музика на кирилица

Со модерната поп-регетон „Ден во себе” младата Наталија Траиловиќ дебатираше на „Макфест“ (Видео)

Наталија Траиловиќ или кај публиката позната како Наталија 4U BAND, е млада девојка која ни доаѓа од Демир Капија и која оваа година дебитираше на „Макфест“. Иако не влезе во финалната-ревијална вечер, Наталија остави добар впечаток со модерна поп-регетон песна насловена како “Ден во себе”.

Автор на музиката, аранжманот и продукцијата е продуцентот Кирил Зарлинов попознат како Dj Erik Fox, додека пак текстот го напиша битолчанката Христина Јовановска. Во најава е и видео запис за песната.

Наталија почетоците во музиката ги прави уште на четиринаесет годишна возраст, каде со својата прва песна настапува на фестивалот „Гроздоберче Тинс“ во Кавадарци. Професионално почнува да се занимава со музика во 2022 година кога станува член на 4U Band, со кој активно настапува низ цела Македонија.
Од оваа година е студент во прва година на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, насока етнокореологија, етномузикологија и народни инструменти.

Во исчекување на нејзиниот видео спот за макфестовската песна, погледнете го нејзиниот настап на овој познат македонски музички фестивал.

Можеби ќе ве интересира: