Музика на кирилица

Шокантно: Трошоците за лечењето на Есма кои изнесуваат над 873.000 денари по пет години не се платени (Фото+Видео)

Само една година по смртта на кралицата на ромската песна почна да се ограбува наследството на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево од домот на Скопското кале. Неколкупати во Бекстејџ ја отварале оваа тема, но за жал работите не се поместуваат од мртва точка.

Пред објективот на естрадниот магазин застанаа посинокот на Есма, Симеон како и Зорана Костовска претседателката на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Есма. Како што велат тие, мебелот и други вредни работи од Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, на Скопското кале, кој за жал не е пломбиран, се изнесуваат и се продаваат, а на имотот околу куќата и во контејнери наоѓале расфрлени благодарници и награди што во текот на животот ги добила Есма.

Со оглед на тоа што се естраден магазин кој секогаш ги слуша двете страни и нешто не остава на половина, решиија да ја побараат адвокатката на Реџепови, и Теодосиевски Весна Тренкоска.

Од кога ја исклучиле камерата, адвокатката им открила дека трошоците за лечењето на Есма се уште не се платени. За истото им приложила и доказ. 873 000 денари изнесува сумата која што никој досега не ја платил, а поминати се пет години од нејзината смрт.

Во продолжение погледнете го разговорот во продолжение:

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....