Музика на кирилица

Сонот стана реалност, Ѓоко Јовиќ со спектакуларна промоција на 13-ти мај (Видео)

„Господ ги наградува само упорните“ рекле старите во овој случај така е и со познатиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ кој јавно ги покани своите блиски соработници и пријатели на целовечерен концерт со цел промовирање на досегашните 10 нови композиции меѓу кој и „Туѓина пуста далечина“ по кој стана претпознатлив.

Како што нагласи и тој сите што ќе присуствуваат на самиот настан ќе имаат можност да уживаат во неговите изведби во живо заедно со Енерџи бенд и Синтезис од кој (Гоце Димовски-Зурла, Нико Сребров-Клавијатури, Далибор Ефтимовски-Перкусии и Далибор Зафировски-Кавал) , но и во најновиот сингл кој ќе биде промовиран токму на самата промоција за кој не откри многу детаљи. Покрај неговите композиции тој истовремено ќе ги изведе и своите две дуетски песни каде ги оствари заедно со Благица Павловска “Круна на љубовта” и Милица Кузмановска “Клуч од рајот” со ова може да се заклучи дека ова ќе биде една незаборвна вечер и вистинско уживање да се слушне “златното грло” од Македонија.

Воедно промоцијата е закажана во 18:30 часот во новоотворениот реномиран ресторан “Розенберг” за кој поканата е отворена за сите оние кој го почитуваат извонредниот фолк пејач Ѓоко Јовиќ.

Подготви: Редкација Музика24

Можеби ќе ве интересира: