Музика на кирилица

“Совршен крај” е новиот видео спот на Тамара Тодевска (Видео)

Најновиот спот на Тамара Тодевска за песната “Совршен крај” помина без нејзино учество. Во спотот игра докажаната актерка од Македонскиот Народен Театар, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотот раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена.

Видео спотот е во реализација на Горила Филм – преку новиот закон за субвенционирани композиции. Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц. Од Горила продукција најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долго очекуваниот албум “Еден Ден”, а концертната турнеја започнува претстојниот викенд во Неготино – Клуб Хавана.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: