Скромен, но и јасен во она што тој го изведува додека пее во кој публиката ужива во неговиот вокален перформанс така беше и вчера по повод “Априлијада 2015” на кој беше специјален гостин на Плоштад. Во неговото едночасовно шоу изведе неколку познати странски композиции меѓу кој: “Sweet home Chicago – blues brothers, rolling on the river – credence clear water revival – mustang sally” итн каде на негово изненадување публиката го врати на бис што докажува за неговата професионалност додека пее на сцена.
“Сепак ова не ми е прв настап по покана од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, ова ми беше втор настап и ми беше чест и задоволство да бидам дел од една убава вечер”, изјави Коста Костоски кој не ги криеше импресиите од самиот настап.
Имено публиката го знае и по неговите ковер изведби меѓу кој и “Carusso” по кој е претпознатлив, воедно ни нагласи дека подготвува негови авторски композиции за кој не ни откри многу детаљи.
Ова е уште една можност Македонија да дознае кои талент го има за себе и кој е пример како може да се вложи труд во својата кариера за понатамошни успеси.
Подготви: Редакција Музика24