Музика на кирилица

Среќен роденден Питер Џон Босе!

Вчера на еден од нашите малку подзаборавени пеачи му беше роденден. Питер Џон Босе кој македонската публика го памети по познатите хитови кои ден денес се пеат меѓу кои се: “Самба во Штип”, “Кикирики за Вики”, “Паричка” (дуетска песна со Ристо Самарџиев изведена на “Макфест 89”) вчера го прослави својот роденден со своите пријатели и семејството. Еден од неговите долгогодишни пријатели и исто така пеач кој долги години го нема на македонската сцена, Трајче Манев, можеше да се види како дел од пријателите кои беа дел од неговата роденденска прослава.

И не е важно колку години Питер полни, важно е дека е тука и дека секако не е заборавен, редакцијата на музичкиот портал Музика24 му го честита роденденот и му посакува многу здравје, успех и среќа како на него така и на неговото семејство, да се надеваме дека за скоро време ќе имаме можност да слушнеме и да не изненади со нов хит од него.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: