Едниот од првите македонски МС-ја и сопственикот на првиот легален хип-хоп лабел, Владимир Аговски – Аго, од утре вечер, ќе преземе воспитни мерки, како и целодневна, секојдневна програма исполнета со рап музика. Радиото со целодневното емитување на добра музика започна на 14.02.2013 од 18 часот, а првата емисија “Воспитна” ќе се емитува во понеделник 18.02.2013 од 21 часот, заедно со Тигаз. До радиото и емисијата ќе можете да пристапите преку линкот http://dns.mk/, каде што во коментар ќе можете да дадавате и ваши предлог песни.
Воспитна е емисија за реална мрсна рапоина. Во неа ќе има 7 рубрики (колку што има микрофони на логото). Во главно ќе се базира на одредена тема (секоја емисија различна) што е некарактеристично за рап емисии. Ќе постои рубрика со гости, каде што ќе се дискутира на темата, потоа интеракција со слушателите, преку скајп и телефонска линија (хибрид) во текот на целата емисија. Слушателите на радиото, кои нема да бидат во можност да се јават, можат да поставуваат прашања преку веб страната и групата на Воспитна – на фејзбук, во текот на емисијата. Ќе има и рубрика која ќе биде посветена на претставување одреден албум. Емисијата ќе се одржува во студиото на ДНС Продукција. Доколку некој сака да објави евент, најави албум, прави промоција на видео запис и слично, доволно е да ги исконтактира реализаторите за да им помогнат околу самата промоцијата на евентот, кој што не само на радио ќе биде објавен и на веб страните и профилите. Eксклузивно ви откриваме дека првиот гостин во емисијата воспитна ќе биде VG (црна хроника).
За крај – бидете воспитани, да не добиете воспитна!
Извор: Хип-Хоп.мк медиумски партнер на Музика24