Музика на кирилица

Студискиот албум “Македонисимо” на Симон Трпчески излегува во Британија

Албумот “Македонисимо”, со изведби на пијанистот Симон Трпчески, ќе биде објавен на 28-ми август, соопшти престижната британска етикета “Лин рекордс”, најавувајќи го излегувањето на материјалот со синглот “Не си го продавај, Кољо, чифликот” (Омаж за Брамс).

Според Трпчески, албумот прикажува фузија на фолк и класична музика, што ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на неговата татковина Македонија. Композитор е Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

Светската премиера на проектот се случи на Фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година. Веста за новиот креативен подвиг на својот ексклузивец ја сподели и концертната агенција “КД Шмид” од Германија.

Можеби ќе ве интересира: