Музика на кирилица

Суперхикс ќе настапат во Бугарија и Грција (Фото)

Суперхикс најавија настапи во Бугарија и Грција. Како што соопштија од Суперхикс, прв е целовечерниот соло концерт во култниот музички клуб „Строежа“ на 21 септември во Софија, по што следи и краток акустичен сет во „Catch A Fire shop“ во Софија.

Вториот настап е закажан за во Солун на 23 септември како дел од популарниот „Стрит Муд Фестивал“ каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани „Fun Lovin’ Criminals“ по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт.

Ова е само втор настап во 28-годишното постоење на Суперхикс во Грција по настапот пред 10 години на Балкан Фестивал, кој се одржа исто така во Солун.

Можеби ќе ве интересира: