Музика на кирилица

„Суперхикс“: Поддршката на кандидатот на СДСМ за Центар не е став на целиот бенд

Членовите на „Суперхикс“ вечерва објавија демант со кој се оградуваат од поддршката која фронтменот Петар Младеновски му ја даде на кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ.

„Суперхикс“ е бенд составен од индивидуалци и ниту една засебна активност на било кој од членовите не ги застапува ставовите и мислењата на бендот како колектив. Следствено на тоа, поддршката на кандидатот на СДСМ за општина Центар од страна на Петар Младеновски никако не е став на целиот бенд”, се вели во демантот објавен на социјалните мрежи.

Претходно Младеновски сними видео за кампањата на Горан Герасимовски за градоначалник на Центар, предложен од СДСМ и коалицијата.

“Горан Герасимовски беше долго во Капиштец и затоа мислам дека многу добро ги знае сите проблеми, но и маани би рекол на своите претходници. Горан е човек кој помага на сите безусловно, им се нашол на многу луѓе во многу ситуации и затоа сметам дека ќе ја добие поддршката не само од граѓаните во Капиштец, туку од Центар воопшто. Вие знаете дека јас никогаш не сум поддржал ниту сум застанал зад некој политичар кога станува збор за нивните кампањи, но еве го правам тоа за Горан затоа што го познавам многу долго и верувам дека ќе го направи тоа што го ветува”, вели Петар Младеновски за кандидатот за градоначалник на општина Центар.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....