Музика на кирилица

Сузана Гавазова заедно со Бернард ви ја преставуваат “Аманет” (Фото+Видео)

“Аманет” е новиот музички проект кој што познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова долго време го најавуваше со тизер и видео најава. Оваа најнова песна која што по стилот е препознатлива за нејзиниот жарн на музика која што таа милува да ја пее, овој пат е во дует со познатиот ромски пејач Бернард со кој пак Гавозова во изминатиот период на директен или индиректен начин соработуваше за нејзините две последни песни.

Музиката за оваа најнова песна е на младиот Бернард, аранжманот го подготви Минтаз Мемедов, а текстот Орце Зафировски. Песната е снимена во студиото на Минтас Мемедов “Минти Стар”. Саксофонот го отсвири Исо Ајдинов, додека пак миксот и мастерингот на истата го направи Саша Диниќ.

Како што дознава Музика24, видео спотот кој што е во реализација на Ин продукција е снимен на неколку локации во Охрид. За одличниот изглед на Гавазова во истиот се погрижи познатиот македонски дизајнер и стилист Златко Јовановски, а со неа на една од локациите каде се снимаше спотот танцуваат девојките од студио “Бах”.

Како изгледа финалниот производ, погледнете во продолжение…

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....