Музика на кирилица

Сузана Спасовска со видео спот за песната “Тагувам со насмевка” (Видео)

Македонската позната фолк пејачка Сузана Спасовска по подолга медиумска пауза реши своите фанови и македонската јавност да ги изненади и да им подари нова песна и видео спот за истата. Станува збор за песната “Тагувам со насмевка”, за која што Спасовска видео спотот го снимаше со веќе докажаната Фабрика продукција. Во истиот, освен фолк пејачката, се појавува и скопскиот манекен Дејан Милевски за кој што чаршиските муабети велат дека ова момче некогаш го споменуваа дека е во врска со поранешната тв водителка Здравкица Билбиловска.

Во продолжение, погледнете го новото видео парче за новата песна “Тагувам со насмевка”, нешто најново од Сузана Спасовска.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: