Музика на кирилица

“Тајфата” со промоција на “Галичка” и најава за албум

“Тајфата” ја промовира новата песна “Галичка” која е авторско дело на Венко Серафимовски (музика и текст) и Дејан Ѓеорѓиевски-Ѕене (аранжман). Песната е работена во студиото на Ѕене, а за истата веќе се снима и спот, кој е во режија на Венко Серафимов. Спотот ќе биде промовиран на прес-конференција по поводот објавувањето на првиот албум на “Тајфата”.

Албумот треба да се појави до месец април, а деновиве членовите на “Тајфата” интензивно работат на истиот. Овојпат за фотографиите и омотот на албумот ќе биде задолжен Чедо Поповски. Се на се, “Тајфата”, барем според најавите, се во сериозен проект, за кој се надеваат дека вистински ќе ја допре публиката и заслужено ќе добие свое место на музичкиот пазар.

“Сите со нетрпение го очекуваме објавувањето на албумот и се надеваме дека публиката ќе ја препознае нашата искрена работа. Исклучително напорно работиме и особено сме горди на фактот што сами си го финансираме овој проект, но сепак немаше да успееме без луѓето кои помогнаа да се реализира сево ова, па затоа искрена благодарност до сите нив”, изјави Коки за нашиот портал.

“Тајфата” минатата година ја промовираше нивната прва песна “Еден пат за еден живот”, а веќе го подготвува и својот прв албум, иако петти по ред за Коки.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: