Музика на кирилица

Тајзи утре ќе промовира нов сингл во Охрид

Утре во Охрид, на Градиште втора плажа, со почеток во 23:00 часот закажана е петчасовна журка со Слаткаристика, ДЈ Ник Капа, Газда Паја, Токсиколози и други. На истата сцена вечерта ќе настапи и Тајзи каде ќе го промовира својот нов сингл. Новата песна со наслов “Живеам за себе” е во негов, ритмичен стил и говори дека секој треба да си гледа своето. Текстописец на истата е самиот Тајзи, продуцент е Марко Наумовски, а на аранжманот работеше Јован Јованов. Тајзи за песната вели:

“Ми дојде да го опишам нашиот синдром на видов-кажав, она што ни се случува денес и тоа што не опкружува. Ритамот е заразен и секој ќе се пронајде во текстот. Мислам дека имам фин производ и едвај чекам да ја видам реакцијата утре во Охрид! Се гледаме и слушаме на Градиште”, изјави Тајзи. Тајзи моментално е слушан со песнатa “Регетон”, а на есен го најави својот прв соло албум.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: