Музика на кирилица

Тамара подготвувајќи се за концертот, го очекува своето прво дете

Познатата македонска поп пејачка Тамара Тодевска, како што пренесува порталот “Телеграф”, е во четвртиот месец од својата бременост. Според порталот, Тамара по се изгледа нема намера да говори за ова, бидејќи се подготвува за својот голем солистички концерт кој ќе се одржи на 27-ми ноември во спортската арена “Борис Трајковски”.

Инаку Тодевска неодамна се омажи со поранешниот кошаркар Александар Димитриоски – Мачка. Таа летово го објави својот втор студиски албум.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: