Музика на кирилица

Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“ (Видео)

Тамара Тодевска не губи време и на публиката повторно и понуди нешто ново и различно по втор пат годинава. Имено, Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“. Интересно е што текстот го потпишува српската пејачка и текстописец Ана Радоњиќ, попозната како Зои Кида, а за музиката и аранжманите беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Лазар Цветкоски.

Спотот за песната го изработи продуцентската куќа „Дивижн“, а во текот на јуни се снимаше на повеќе локации низ Скопје. „Торнадо“ е втор сингл на Тамара годинава, кој има повеќе бои, побрз ритам и позитивна енергија, а одлично се вклопува со топлите летни денови:

„Торнадо“ е нашата нова музичка приказна и многу сум среќен што направивме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа ни треба најмногу во периодот во кој живееме. Задоволна сум од комплетниот производ, песната и спотот и искрено верувам дека ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите од регионот“, истакнува Тамара.

Видеото одлично ја прикажува атмосферата на песната „Торнадо“, а Тамара уште еднаш покажа колку сцената ја сака. Во него учествуваат повеќе танчери, а главен кореограф е Дејан Битровски. Целиот танцов тим во придружба на Тамара сподели неверојатна енергија и емоции.

Песната и спотот се објавени од ADA Varners Records, а „Tornado“ е достапна на сите дигитални музички платформи.

Тодевска во изминатиот период имаше неколку концерти низ Македонија, а беше активна и во земјите од регионот со своите медиумски настапи и настапи, како и на неколку предевровизиски настани.

Можеби ќе ве интересира: