Музика на кирилица

Тамара ќе снима дует со “2Бона”

Поп ѕвездата Тамара Тодевска во интервју за интернет порталот Репортер најави нов дует после неодамнешниот со Роберт Билбилов, овој пат со дечките од “2Бона”. Таа по тој повод вели:

“Сакам малку да експериментирам со некој нов звук и да допрам до некоја нова публика која што ја слуша таа актуелна музика. Ми се допаѓаат, Марио и Тони се супер дечки и ми дојде идеја да направиме нешто малку поразлично до сега. Тоа ќе биде нешто што ќе го работиме во следниот период и се надевам дека на крајот на септември или почетокот на октомври ќе излезе песната”, изјави пејачката Тамара Тодевска.

Можеби ќе ве интересира: