Музика на кирилица

Тамара откри детали за новата песна „Замижи“ а следува и песна со Цоби

Македонската пејачка Тамара Тодевска важи за еден од најдобрите вокали на нашата музичка сцена, таа по подолг период имаше настап пред скопската публика. Тамара изведе голем дел од својот добро познат музички репертоар и нешто што секогаш е ново изненадување за публиката. Таа во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“ открива  детали за новата песна „Замижи“ но и откри дека работи на песна на српски јазик.

Оваа песна е многу емотивна и длабока. Текстот оди од прилика: „Замижи и пробај да се сетиш да бидеш стариот ти“. Целата ситуација некако не` однесе во тој правец и сфативме дека  таа песна треба баш во овој момент да се издаде. Едноставно треба да се вратиме на оние стари убави моменти кои што сме ги имале, да заборавиме се лошо што ни се случувало, да продолжиме со крената глава, ведри и расположени, полни со љубов, полни со задоволство во себе. Да замижеме пред се.

На српската песна, Тамара работи заедно со Цоби, кој е автор на песната „Мушкарчина“ на Сара Јо.

Бев во „Пасивити“ се договарав со Цоби, ќе видиме дали ќе излезе нешто од тоа. Позитивни беа реакциите и целиот тој состанок. Публиката српска и целиот тој Балкан, би сакала да му се вратам. Тоа ми е следната цел.

Целото интервју на Тамара за „Бекстејџ“ погледнете во интервјуто подолу.

Можеби ќе ве интересира: