Музика на кирилица

Тамара Тодевска ги извиси фановите – не се појави на настап

Пејачката Тамара Тодевска на 7-ми март требаше да одржи концерт во “Арт Кафе Апореа” во Прилеп, но таа не се појави.

“Минатата вечер (сабота 07.03), во нашиот локал требаше да одржи концерт Тамара Тодевска, но поради на нас непознати причини Тамара сношти не пристигна. Крајно непрофесионално и неодговорно однесување од страна на ваква ѕвезда и уште повеќе “реномирана продукциска куќа” Горила… Придружниот бенд беше пристигнал уште во 19 часот и одржаа тонска проба до 21 часот. “Наводно” менаџерот (Васко) по телефонски разговор во 22.30 се јави и рече дека не може да ја добие по телефон, а ниту нејзиниот маж не знаел каде се наоѓа… последното нешто што го знаеле е дека излегла од дома и тргнала во 19.30. Огромно извинување од нас до нашите посетители, во нашите 17 години постоење како Апореа ова е прв пат да се случи вакво нешто непрофесионално, сме соработувале и соработуваме со голем број артисти и ќе продолжиме да соработуваме, уште еднаш огромен пардон до нашите посетители”, стои во соопштението на локалот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: