Музика на кирилица

Татјана и Новица уживаат во топлото време и австралиските плажи

Можеби досега на многу наврати сте се запрашале каде се и што прават познатите Татјана Лазаревска и Новица Василевски, познатиот македонски музички пар кој пред неколку години заедно со своите дечиња заминаа во Австралија, каде денес работат и живеат. Тие во текот на денешниот ден од една од австалиските плажи каде што и живеат, специјално за своите фанови, пријатели и роднини се вклучија во живо, каде заедно пееја познати македонски народни песни.

“Малку да споделиме сонце и позитивна енергија од оваа плажа. Тука сме дојдени малку да се одмориме, рефрешираме и рестартираме и оваа 2021 година да ја започнеме како што треба. Убаво ни е, фамилијарно, децата скокаат рипаат и се бањаат, иако температурата не е баш како што треба, сепак не е лоша. Ние сакаме од плажава да ви испееме нешто”, кажаа Татјана и Новица и своето вклучување во живо го започнаа со македонската народна песна “Дејгиди луди млади години”.

Ние од музичкиот портал Музика24 од се срце ги поздравуваме и им посакуваме одлично да го поминат летниот период кој им претстои во Австралија, а на лето, односно јуни, јули и август ги очекуваме во нашата мила Македонија кога и во живо ќе направиме интервју каде заљубениот музички пар ќе одговара на сите оние прашања кои досега можеби би сакале да им ги поставите.

Можеби ќе ве интересира: