Музика на кирилица

Татјана Лазаревска го прослави својот прв роденден во Австралија (Фото)

Иако многумина веста ја примија со неверување, сепак најпознатиот и најубав фолк пар во Македонија Татјана Лазаревска и Новица Василевски заедно со децата комплетно се преселија на две години во Австралија. Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, познатата фолк пејачка се запишала на колеџ и тоа е една од причините поради која семејството Василевски ја напушти Македонија. Но како и да е, таа денес прославува роденден и тоа за прв пат во прекуокенаската земја.

Tatjana Lazarevska_Novica Vasilevski_2Во видео кое што во текот на денот познатата пејачка го постави на својот facebook профил, заедно со семејството и блиските пријатели тие заедно го прославуваат роденденот, а воедно преку мала шега од пријателите за следниот роденден им посакуваат да го прослават со уште едно дете. Колку Тања и Новица ќе ја сфатат оваа шега на своите пријатели сериозно и дали навистина во текот на следните две години познатиот фолк пар ќе добие бебе тоа незнаеме, но сепак останува да го видиме и тоа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: