Музика на кирилица

“Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш”, Васил Хаџиманов со емотивни зборови се прости од својот татко

Пејачот, композитор и актер Зафир Хаџиманов почина денес како резултат на вирусот корона.
Неговиот син Васил Хаџиманов, исто така голем уметник и музичар, напиша тажна проштална порака на својот Фејсбук профил и сподели илустрација од Зафир Хаџиманов.

„Татко ми Зафир почина денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа страшна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, поетски и прозни книги, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот. Тевија над Тевија!Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските. Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Непобедлива!

Да бидат запаметени и почитувани! Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш!Ви благодарам на сите за зборовите за поддршка “.

Можеби ќе ве интересира: