Музика на кирилица

“Темно е” на ДНК со видео спот од концертот во Метрополис (Видео)

ДНК деновиве го претстави новото видео за песната насловена “Темно е”, која се најде на албумот “Уште еден ден” чија екранизација ја овековечи атмосферата на големиот славенички концерт што го одржаа минатиот месец во Метрополис арената во Скопје. Оваа песна Панчо ја посвети на својата мајка која што неодамна почина, а и самиот видео спот е детално и емотивно работен.

“Се надеваме дека ќе уживате во песната, а сите оние кои беа на концертот ќе се потсетат на атмосферата и можеби ќе се пронајдат на самото видео (слободно тагнете се). Сите оние кои не беа, еве им можност во кратки црти да видат како беше на истиот, а целосниот концерт очекувајте го кон крајот на септември на една од македонските телевизии, па потоа и на нашиот официјален YouTube канал”, велат Панчо и Андреј.

А во продолжение, за да не пишуваме напразно, погледнете го видеото за новата песна на ДНК каде веруваме дека доколку сте биле дел од нивниот јубилеен славенички концерт ќе се пронајдете во публиката. Уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: