Музика на кирилица

По “Ми треба малку време” слушнете го “ЕХО”-то на Теа (Видео)

По успешниот хит “Ми треба малку време” кој долго време не се симна од топ листите на сите радио станици, Теа го преставува својот нов проект насловен како “ЕХО”. Теа останува доследна на различниот модерен звук по кој стана препознатлива.

“Се надевам дека и слушателите ќе ја доживеат оваа песна исто како што ја доживувам јас. Во неа има голем дел од мене, таа е слика на мојот музички лик и карактер. Јас и мојот тим (Лазар Цветковски и Милан Миланов) уживавме додека ја создававме”, изјави Теа.

TeaВидео записот е работен со продукција Горила Филм. За кореографијата се погрижи Адријана Данчевска, а за да нејзината приказна биде вака раскажана, покрај Теа се појавува и танчерот Јакуб Мунко.

Во продолжение, новиот видео запис и песна на Теа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: