Музика на кирилица

Тијана Дапчевиќ ќе учествува во “Твоето лице звучи познато” (Видео)

Македонската поп пејачка Тијана Дапчевиќ со интересно видео го најави своето учество во популарното шоу “Твоето лице звучи познато”. Тијана имитирајќи ја Лепа Брена објави дека оваа година ќе учествува во шоуто. Во претходните сезони многу медиуми шпекулираа со нејзино учество како претставник од Македонија, но наместо Тијана учествуваа Елена Ристеска и Даниел Кајмакоски.

Тијана се занимава со музика и глума, но добро е позната и како одличен имитатор. Новата сезона на популарното шоу започнува оваа есен, се уште не е официјално потврдено која македонска телевизија ги откупи правата на емитување. Во продолжение погледнете ја најавата за учество на Тијана:

https://www.youtube.com/watch?v=5pxBZbsw33M

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: