Според пишувањето на еден српски магазин, Тијана Дапчевиќ наскоро ќе биде келнерка. Пејачката и самата вели дека нема никаков срам кога е во прашање било каква работа.
“Баш зборував со некои луѓе, нашиот народ е многу чуден. Чудни се луѓето во Србија, не само во Србија, туку во регионот. Ти ако се занимаваш со пеење, не смееш да правиш ништо друго во животот. Јас тоа не го разбирам. Ти ако си забавувач, мораш да знаеш да работиш се, и да пееш и да играш, твојата мисија на земјата е да забавуваш, не само да пееш. Кога би била келнерка, јас би била фамозна. Баш во новата серија глумам Германка, која работи во еден пансион, каде се мора да биде под конец, така што таму сум една многу вредна келнерка”, изјавува Тијана и признава дека сепак пеењето ѝ е на прво место.
Пејачката во рамките на својата летна турнеја наскоро ќе си ги “одмери силите” со сестра и Тамара на заеднички концерт во Гевгелија. Настанот е закажан за 20-ти август во клубот “Де факто”, со почеток од 00.30 часот.
Подготви: Редакција на Музика24