Музика на кирилица

Тина Мицковска: Патриотски да навиваме за Македонија и да се гордееме со сите кои не преставуваат надвор од земјата

Тина Мицковска, ПР,  член на евровизискиот клуб ОГАЕ и поранешен член на македонското евровизиско жири, за музичкиот портал Музика24, одговара само на едно прашање: Зошто би се менувало нешто, доколку го нема?!

“Мислам дека сосема непотребно се крена прашина околу едно уметничко дело на врвен уметник како што е Жанета Вангели и во кое се преставени симболи од христијанството, а не некакво знаме. Ако навлеземе во набљудување на боите ќе забележиме дека знамиња со таква боја има во барем 20 земји во светот. Ќе цитирам и еден пријател што ме изнасмеа на Фесјбук со кој апсолутно се согласувам: Кој виде бугарско знаме во спотот, да го пратам до аптека да си купи „нешто” хахаха. Жал ми е што поради притисок од јавноста беше тргнат спотот кој веќе собра голем број прегледи и сметам дека воопшто не беше потребна цела таа фама.

Васил е прекрасен дечко кој мислам дека достојно ќе не престави во Холандија. Песната е малку не-евровизиска, но во последните години токму и затоа Евровизија станува се попопуларна и една од најгледните манифестации на светско ниво. Зголемен е квалитетот на песните, а со тоа и критериумите на публиката. Годинава поради пандемијата ќе ги нема сите оние настани на кои гостуваат пејачите пред Евровизија и турнеите низ Европа, па затоа може и не треба да очекуваме многу поени од телевотинг. Но, сигурна сум дека жири комисиите од сите земји учеснички ќе се поклонат пред моќниот вокал на Васил.

Дај Боже да го повториме успехот на Тамара од 2019. Јас секогаш патриотски навивам за Македонија и се гордеам со секој успешен Македонец кој не преставува надвор од границите. Дали е тоа Евровизија, ракометни или фудбалски првенства, Олимпијада… Едноставно е, треба да ги поддржиме нашите учесници, а тие достојно и со цело срце да работат на најдобро преставување на Македонија.

Му посакувам голем успех на Васил и секако до мај како член на евровизискиот клуб ОГАЕ и поранешен член на македонското евровизиско жири со задоволство ќе ги следам сите случувања околу Евровизија.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....