Музика на кирилица

Тони Зен во интересна комбинација со саксофонистот Горан Папаз (Аудио)

Популарниот македонски рапер Тони Зен и познатиот саксофонист Горан Папаз деновиве во македонскиот етер пуштија нов заеднички сингл едноставно насловен “Надеж”. За текстот на овој сингл се погрижи Тони Зен, додека пак како комплетен автор на песната се појавува Александар Масевски.

Гитарите специјално за оваа песна ги отсвире Иле Спасев. Самите автори велат дека станува збор за интересен микс од фанк, смут џез со аренби и хип хоп примеси. А како тоа звучи… преслушајте во продолжение.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: