Музика на кирилица

“Уличен аспект” со нова песна и видео (Видео)

Музика24 Ви ги претставува двајцата браќа, рапери во душа, а станува збор за Александар Јовановски познат како Далтон и неговиот брат близнак Пеце познат како Смајли. Тие досега имаат снимено 6 песни, а ние денес Ви ја претставуваме најновата “Имаш пари, си ценет”. Истовремено со новата песна, браќата Јовановски за истата во соработка со R2D2 продукција снимија и видео спот, кој е снимен во Струга.

А што се однесува до песната, како што велат двајцата рапери, инспирација им бил животот и нашето секојдневие. Ова видео парче претставува нивно второ претставување, а како што и самите најавуваат, наскоро ќе го издадат и својот прв албум. Ви преглагаме во продолжение да го погледнете новото видео за веќе спомената песна.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: