Младиот кумановец кој го освои регионот преку своите фантастични изведби на песни од Жељко Јоксимовиќ во минатата сезона на регионалното музичко издание на “Ѕвездите на Гранд” и потпиша ексклузивен договор со српската продукција, Мартинијан Кириловски ја издаде својата нова песна насловена како “Усни како жар” во која прв пат се појавува и како автор.
Новата песна ја потпишуваат веќе докажаните автори со кои Кириловски редовно соработуваат. Музика и аранжманот се дело на Филип Антевски, текстот го напиша самиот Мартинијан, додека видеозаписот кој е работен во црно-бела техника го изработи режисерот Марко Димитриевски.
Пејачот изминатиов период е активен со свирки со својот бенд низ целата Македонија, а досега има издадено вкупно 6 песни. Доколку оваа година му се спојат сите коцки, јавноста може да го очекува и неговиот прв студиски албум кој би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.
Во продолжение на текстот, Ви предлагаме да го погледнете најновиот видео спот за новата “Усни како жар” на младиот поп пејач.
Подготви: Катерина Митровска