Музика на кирилица

Уште едно видео парче од ДНК… “Јас и ти” (Видео)

Најавеното ново видео на двоецот ДНК за темата „Јас и ти“ од актуелниот албум „Уште еден ден“ е спакувано и веќе е достапно на јавноста. Станува збор за интересна видео приказна, која со оглед на она што ќе следува од rnb двоецот има и симболично значење, а во која Панчо и Андреј се појавуваат во улога на сценски менаџери.

Имено, Панчо и Андреј во приказната го подготвуваат концертот на ДНК, чии фронтменки се две девојки. Приказната има интересен заплет и изобилство на комични моменти, а кадрите се снимени кон крајот на минатиот месец на неколку интересни локации во Дојран. И овој пат режисерската палка, како и реализацијата му беше доверена на Бане Поповиќ и неговата Томато продукција. Лидерки на бендот се Антонија Локвенец и Ана Марија Таневска од модното студио Црнокрак, а друштво во спотот, односно во бендот им прават уште четири атрактивни девојки, од модното студио ЕМ Фешн од Дојран.

Спотот за „Јас и ти“ е всушност втор за композиција од актуелниот студиски материјал со наслов „Уште еден ден“. И тоа не е се… приказната не завршува тука. Погледнете го новото видео на ДНК и наскоро очекувајте расплет на приказната.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: