Музика на кирилица

Утре во Крушево – промоција на нова песна од Тоше Проески (Видео)

Утре 24-ти јануари во спомен куќата на нашата никогаш непрежалена музичка ѕвезда Тоше Проески, со почеток во 12 часот ќе биде промовирана необјавена песна од Тоше Проески. Како што не информираат од фан клубот на Тоше Проески, а информацијата е добиена и потврдена од семејството Проески, новата песна е снимена во две верзии, еднаа латино, другата балада, додека пак спотот за новата песна ќе биде објавен на интернет утре околу 20 часот.

Станува збор за песна со наслов “If you wanna leave me”, која што во чест на роденденот на Тоше ќе биде промовирана латино верзијата, додека за другата – балада верзијата на оваа песна ќе треба малку да почекаме, бидејќи истата е се уште на доработка во Лондон.

Во продолжение, благодарение на српски “Nedeljni Jutarnji” преслушајте дел од новата песна и погледнете ги реакциите на дел од соработниците кои работеа на истата.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: