“Желбата, како и потребата за следење на музичката продукција, на автори и изданија од Македонија преку идејата за неформален музички регистар што ќе содржи соодветни информации, ја реализирам во сервис достапен на интернет преку кој може да се пребаруваат податоци за македонските музички изданија со деталите за композиторите, изведувачите и сите сегменти и чинители на музичката целина”, вели Васил Буралиев, кој заедно со тим од соработници се погрижи на едно место да стави огромен дел од дискографијата на македонските музичари.
На сајтот ВБУ Музички регистар, покрај деталите за еден музички албум, секој издавач, музички состав/бенд/група и учесник во реализација на албум имаат сопствени портфолио страници на кои може да се видат соодветните детали за секој од нив. Концептот на кој функционира “музички регистар” е многу едноставен и познат – создавање на неформална музичка збирштина на делата од домашната музичка продукција. Убавото кај овој сајт е што комуникацијата е двонасочна – корисниците се важен дел од оформувањето на мислење и оценка за одреден албум.
Подготви: Редакција Музика24