Музика на кирилица

Вечерва промоција на новиот албум на “ДНК”

Вечерва со почеток во 20.30 часот во познатиот скопски ресторан “Воденица”, музичкото R’n’B дуо “ДНК” ќе го промовира новиот албум насловен “Уште еден ден”. Тие пред своите фанови, соработници, пријатели, и претставници на медиумите ќе го промовираат своето ново дело, како и дел од песните кои ќе бидат изведени во живо.

Освен промоцијата на новиот албум “ДНК” ќе го промовира и видео спотот за новата песна “Стојам сам”, дел од новиот албум.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: