Музика на кирилица

Вечерва во населба Драчево концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски

Во Паркот на бранителите во населбата Драчево, вечерва во 20:30 часот концерт ќе одржи Миле Кузмановски. Љубителите на квалитетната македонска народна песна ќе можат да уживаат во целовечерниот концерт кој е во организација на општина Кисела Вода и е дел од Илинденското празнување. Истиот е во рамките на јубилејното, 10-то по ред издание на манифестацијата “Три круши”.

Општина Кисела Вода, ги поканува сите свои жители, но и сите останати граѓани да дојдат вечерва во Паркот на бранителите и да уживаат во настапот на еден од најдобрите и најполуларните македонски интерпретатори на народни песни.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: