Музика на кирилица

Вечерва во Охрид, посветен концерт на Тоше Проески

Роденденот на Тоше Проески ќе се одбележи вечерва со голем хуманитарен концерт. Во чест на македонската музичка ѕвезда во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, а ќе настапат млади музички таленти и хорот на охридската гимназија, кои ќе изведуваат песни од Тоше. Влезницата е со симболична цена од 100 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби “Зраци”.

Во Крушево, пак, во организација на Меѓународната фондација “Тоше Проески”, утре, 25-ти јануари, ќе се одржи културно-уметничка програма во неговиот спомен дом во Крушево. Сите почитувачи на ликот и на делото на Тоше на неговиот роденден во Крушево ќе имаат можност да се запознаат со нови содржини кои во изминатиот период не биле објавени.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: