Музика на кирилица

Виктор Апостоловски со концертна промоција во Битола

“Порта кафе” кое претставува култно место за излегување во Битола, ќе биде местото каде на 15-ти март ќе се одржи концертна промоција на познатиот македонски пејач кој ни доаѓа од овој град, Виктор Апостоловски. Неговиот албум “Во моите сни” кој на пазарот се појави од неодамна ќе биде промовиран пред сите оние кои сакаат да слушнат добра македонска музика. Тој најавува одлична забава и дружење за своите сограѓани и сите оние кои во тој момент ќе бидат во Битола, односно на неговиот настап.

“Сите оние што сакаат да уживаат во оригиналниот звук на мојот бенд, да го чујат мојот албум и многу други странски хитови… да си го набават цедето и да не поддржат… Недела е денот… “Порта џез” е местото… 21 часот… Со влезот добивате одлична журка од мене и мојот бенд и гратис це-де и сето тоа за неверојатни 100 денари! Ве очекуваме во огромен број!”, порачува Виктор.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: