Музика на кирилица

Виктор Апостоловски со прва концертна промоција во Скопје

Пејачот Виктор Апостоловски кој македонската јавност го памети по финалето во “Македонски идол”, вечерва ќе се престави во живо со концерт пред скопската публика. Периодов кој измина Виктор го искористи за промоција на новиот албум, но и за работа на еден нов проект кој допрва ќе се развива. Апостоловски заедно со својот бенд работат на кавер верзии на популарни светски хип-хоп и рнб хитови кои посетителите ќе имаат можност да ги чујат вечерва во клубот “Блок” во Скопје.

Од она што досега го слушнавме и видовме на You Tube, станува збор за комбинација на опасни хип-хоп мелодии со моќни гитарски рифови и бит бокс. Влезот во клубот “Блок” кој се наоѓа во ТЦ Мавровка спроти факултетите ќе биде бесплатен, а концертот ќе започне по 23:00.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: