Музика на кирилица

Викторија Лоба го претстави својот “Опиум” (Видео)

Викторија Лоба неодамна го промовираше видео записот за веќе објавената песна “Опиум”, чиј текст го напиша самата Лоба, музиката е дело на Дамјан Лазаровски, а продукцијата ја направи Роберт Билбилов. Екранизацијата за оваа балада ја изработи тимот на продукцијата “Егзит Б”, а снимањето се одвиваше на отворено, во Маврово и Козјак. Како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение.

Инаку, пејачката Новата 2016-та ја дочека во работна атмосфера, со настап на плоштадот во Охрид, а со исто темпо продолжува и во текот претстојните викенди.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: