Музика на кирилица

“Визија” меѓу најдобрите 10 бендови во светот (Видео)

Македонскиот бенд “Визија” е на седмото место од најдобрите 10 во целиот свет, пишува британскиот музички сајт EmergingIndieBands. Сајтот креираше листа на 90 најдобри бендови од сите делови на светот за 2014-та година. Според критиката на истиот сајт, “Визија” беше прогласена за група на месец февруари во 2014-та. Нивната песна “Гласот на мојата душа” за американското радио WMBR, во емисијата Pipeline, беше една од најдобрите за 2013-та година.

Македонскиот бенд “Визија” е формиран во 2011-та година во Скопје. Членови на бендот се Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ. Во своето тригодишно постоење имаат постигнато неколку поголеми успеси во и надвор од Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: