Музика на кирилица

Владо Јаневски му пееше за роденден на сопственикот на клубот Calypso (Фото)

На 3-ти септември познатиот чаирски шармер Владо Јаневски имаше настап во најдобриот и најпознатиот клуб во градот под марковите кули, клубот Calypso. На концертот немаше кој немаше, локалот беше преполн и сите заедно во еден глас ги пееја најголемите хитови на Владо и сите останатите други песни. Најсреќен од сите присутни беше сопственикот на клубот Calypso, затоа што на тој ден беше неговиот најсреќен ден, неговиот роденден кога всушност наполни 36 години, неговите деца му приредија прекрасно изненадување, а Јаневски цело време пееше песни за неговиот роденден.

Каква беше атмосферата и случувањата таа вечер, погледнете ја галеријата во продолжение, а ние како единствен специјализиран музички портал му го честитаме роденденот на сопственикот на можеби еден од најдобрите македонски клубови и од се срце му посакуваме уште многу години да го слави својот роденден и со уште поголеми изненадувања и музички имиња.

calypso rodenden vlado janevski_calypso vlado janevski_calypso vlado janevski_calypso vlado janevski_calypso calypso rodenden calypso rodenden calypso rodendenПодготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: