Музика на кирилица

Владо Јаневски заминува за Канада

Дефинитивно, нашиот познат македонски поп пејач и автор на многу познати хитови реши да замине за Канада. Тој изминатиот период и не е нешто посебно активен на македонската музичка сцена, но сепак, неговата “Е ама јас те сакам тебе” го пласира меѓу десетте официјално најслушани хит песвни во изминатата 2014-та година.

Но освен што Јаневски е мега популарен во својата земја – Македонија, тој е доста популарен и во дијаспората, па по тој повод познатиот пејач заминува на голем концерт пред нашите македонци во Опера Хаус во Торото на 25-ти септември.

А дали ќе остане во за некого толку посакуваната земја, или пак повторно ќе ни се врати кај нас да создава уште поголеми хитови, останува да почекаме и видиме.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: