Музика на кирилица

Влатко Илиевски се враќа во “Морал” (Фото)

Пејачот и актер Влатко Илиевски по неколкугодишна пауза, повторно се враќа како вокал и фронтмен на групата “Морал”, со која најавуваат и заеднички албум.

“Имаше многу шпекулации дека сум го напуштил бендот и дека ќе се посветам мојата соло-кариера. Но еве сега е време да се огласам и да кажам дека јас никогаш не сум го напуштил “Морал” и дека само направивме пауза од медиумите. Во меѓувреме, додека не бевме јавно активни, го снимивме новиот албум”, изјави Влатко за медиумите. Албумот ќе се вика “Кофеин блуз”, а бендот ќе остане во ист состав како и во последните 15 години. Покрај членовите како гости на албумот се јавуваат Тамара Тодевска, Слаткар и Игор Џамбазов.
Според најавите промоцијата на новиот албум се очекува следниот месец.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: