Во гостување на една од музичките емисии на националното Радио Слободна Македонија, познатиот македонски поп пејач Влатко Илиевски откри детали околу подготвувањето и издавањето на неговиот нов албум. Тој во музичката емисија изјави:
“Албумот планирам да има 10 песни. Дел од нов се веќе промовирани песни од изминативе две години. Неговото објавување го планирам некаде на почетокот од следната година, а стилот ќе биде рок и поп рок. Ќе има и дует изненадување со млад пејач, а пред неговото објавување, се разбира дека ќе промовирам и сингл”, изјави познатиот пејач за националното радио. Во меѓувреме ако се прашувате каде е и што работи, Влатко Илиевски моментално работи и на својата актерска кариера и во преговори е за снимање на нова телевизиска серија.
Подготви: Редакција Музика24