Музика на кирилица

Влатко Лозаноски со видео спот за новата песна “Жена како ти” (Видео)

Еден од најдобрите пејачи на македонската поп рок сцена, Влатко Лозаноски – Лозано, неодамна го промовираше својот нов видео спот за новата песна “Жена како ти” која е веќе подолго време хит на радио станиците. Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски кој ја напиша музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша Магдалена Цветкоска Ена.

Видео записот е снимен на повеќе локации, на ранчот на коњичкиот клуб “Дона” во Радишани и на преубавите предели на Галичник, Маврово и Козјак. Во видео записот се појавуваат четирите прекрасни девојки Сандра Јовановска, Симона Станковска, Моника Саболиќ и актерката Јана Стојановска кои одлично се снајдоа во своите улоги. За стајлинг за девојките се погрижи Викторија Арсовска.

Vlatko Lozanoski_video spot 2Видео записот е во комплетна реализација на Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов. Лозано за прв пат не се појавува во свој видео запис кој е одлична најава за летната турнеа на концерти која следи.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнеме најновото видео парче за новата песна на Лозано.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: