Музика на кирилица

Влатко Стефановски Трио ја воодушеви белградската публика (Видео)

Како што пишуваат српските медиуми, пред само некоја вечер Влатко Стефановски кој што е некогашен член на популарните и легендарни „Леб и сол“, одржал концерт со своето трио чии членови се и Иван Кукиќ (бас) и Јан Стефановски (тапани), со кој и го „запалил“ Белград.

Концертот се одржал синоќа во МТС Дворана во Белград која била преполна. Белграѓани со особено задоволство и уживање го слушале Стефановски како и неговите членови, а концертот траел околу два и пол часа. Како гостин на концертот се појавил и познатиот македонски музичар Дамир Имери.

А пак како специјален и ексклузивен гостин на концертот на Влатко и на неговото „Трио“ бил актерот и пејач Раде Шербеџија. Популарниот актер на доста оргинален и интересен начин ја отпеал македонската „Си заљубив едно моме“.

А потоа, на концертот белградската публика имала можност да ги слушне и „Македонско девојче“, „Кандилце“, „Верба, надеж, љубов“, „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Исток и Запад“, „Скопје“, „Бистра вода“, „Абер дојде, Донке“, „Учи ме, мајко, карај ме“…

Можеби ќе ве интересира: