Музика на кирилица

Во друштво со светската елита, нашиот DJ Alexandar во топ 50 (Аудио)

Нашиот македонски познат DJ Alexandar, на единствената легална платформа за споделување на миксови “Mixcloud”, со аудиото од последниот “live stream” стигна до фантастичното 47-мо место во категоријата Global Techno Chart и на 59-то место категорија Global Deep House, со над 60 000 минути преслушување во првите седум дена.

Овој одличен успех е уште поголем ако се земе во предвид дека DJ Alexandar е во “друштво” на супер ѕвездата Chris Liebing на 46 место и мегапопуларниот Sander Van Doom на 48 место со својата емисија “Identity”.

Сето ова е одлична најава за следниот “live stream” на DJ Alexandar кој ќе се случи во сабота на 20-ти февруари со почеток од 22:00ч.

Македонската музичка јавност DJ Alexandar го памети по одличните “opening act” перфоманси пред големите светски ѕвезди: Tiesto, Paul van Dyk, Paul Oakenfold, Eric Prydz, David Guetta, Bob Sinclair, Afrojack, Artbat, The Faithless.

Можеби ќе ве интересира: