Музика на кирилица

Во недела на 24-ти септември ќе биде осветен манастирот на Тоше во Крушево (Фото)

Манастирскиот комплекс „Свето Преображение“ – Крушево за чиешто што подигање најзалужен е Тоше Проески, на 24.09.2023 (недела) ќе биде осветен. На покана на Митрополијата Крушевско и Демирхисарска, осветувањето благоволи да го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Први г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на МПЦ – ОА.

Неодмна беше завршен и фрескоживописот на храмот, со што е целосно завршена изградбата и уредувањето на храмот кое го започна Тоше.

Во недела на ден 17.09.2023 година околу 10 часот ќе имаше акција за чистење. Секој кој сакаше да допринесе со својот труд можеше да дојде на лице место и да помогне колку што може и умее. Ќе има превоз за оние кои не можат да се снајдат во 10 часот пред храмот св. Никола.

Можеби ќе ве интересира: