Музика на кирилица

Во Нова Градишка ќе биде откриен споменик на Тоше Проески

В сабота (23.10) со почеток во 17.00 часот во Нова Градишка свечено ќе биде откриен споменик на македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. На свеченото отворање ќе присуствува Милаим Фетаи, амбасадор на Северна Македонија во Република Хрватска, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.

Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е израз на љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, произлезе од компанијата „Техникс“ и нејзиниот директор Џуро Хорват.
„Техникс“ има развиено долгорочна еколошка соработка со македонски компании. Имено комунални претпријатија во Македонија активно користат технологии на „Tehnix“. Познато е дека Тоше всушност е роден во Прилеп, па од комапнијата често разговараа со своите пријатели, партнери од Прилеп за македонската култура, музика, добрината на Македонците,  успесите на Тоше во музиката итн. Неговата несреќа ги растажи сите во компанија особено што се случи во близина на градот Загреб, односно на автопатот во близина на градот Нова Градишка. Мисла водилка на Џуро Хорват била дека споменик на Тоше ќе потсетува на времето кога се радувавме заедно и уживавме во песните. Компанијата заедно со сите нејзини менаџери и соработници се горди и благодарни на градот Нова Градишка што овозможи поставување на споменикот во центарот на градот. Автор на спомен обележјето е скулптурот Славко Буниќ.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....