Во петокот 26-ти февруари во киното “Фросина”- МКЦ, се случи успешен гала концерт на фолк пејачот Душко Георгиевски. Во преполната сала пејачот ги изведе своите најголеми хитови, а во дел од изведбите беше придружуван од Мандолинскиот оркестар “Скопје” на Рамадан Шукри , харфистката Мерсиха Шукри, со која Душко ја изведе народната песна “Марика мома убава” и Благица Павловска.
Со Душко на сцена беа членовите на групата “Фортуна” но и неколку виолинисти. За поетската реч, во паузите од пеење, беше задолжен актерот Мите Грозданов. Цело време бодрен со аплаузи, ред публиката ги изведе “Да ја немам песната”, “Празник љубовен”, “Затвори ме во твоето срце”, “Ергенлак да си исплатам”, дуетот со Благица Павловска, “Сто пати да се родам”, , потоа и “Жими овој крст”, “Ангелу мој”, “После тебе”, “Простено ќе ти е се”, “Ракија”, “Маре мори Маре”, “Убава да останеш”, “Со синџири да ме врзат”, за финалето да заврши со победничката “Свири ми виолино”, победничка на “Фолк фест Валандово 2015”. Концертот го снимаше ТВ Сонце, и набрзо ќе биде емитуван на програмата.
Подготви: Редакција на Музика24